Четиригодишно дете е најмладиот милионер во Македонија, највозрасниот има 97 години

Четиригодишно дете е најмладиот милионер во Македонија во 2025 година, покажуваат најновите податоци на Управата за јавни приходи (УЈП). Детето остварило приход од еден милион денари од дивиденда, додека највозрасниот милионер во државата има 97 години, а приходите ги остварил од пензија и други извори.

Zito baner

Според анализата на УЈП, во текот на 2025 година граѓаните поднеле повеќе од 860.000 даночни пријави, што е зголемување од 10,6 отсто во споредба со претходната година. Најголем број даночни пријави биле поднесени во Скопје, а по главниот град следуваат Штип, Прилеп, Битола, Тетово и Струмица.

Agria

Најголемиот дел од остварениот доход во 2025 година потекнува од плати. Највисоката пријавена плата изнесувала 139 милиони денари и била исплатена во дејноста „Вадење камен и јаглен“.

Сепак, највисоките три исплатени дивиденди биле поголеми од највисоката плата. Тие потекнуваат од компании со седиште во Гевгелија, Охрид и Арачиново, покажуваат податоците на УЈП.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: