Либерото на велешкиот одбојкарски прволигаш ГОК Борец, Дарко Жабев, повторно ќе го облече дресот на македонската сениорска репрезентација. Селекторот Јошко Миленкоски го вклучи Жабев во списокот за подготовките пред настапот на Европското првенство 2026.
Според официјалната покана испратена до велешкиот клуб, машката сениорска репрезентација ќе ги започне подготовките на 5 август во Крушево, каде што е закажан и првиот собир на репрезентативците. Играчите треба да се јават во хотелот „Монтана“ во 12 часот.
Повикот за Жабев претставува уште едно признание за неговите настапи во дресот на ГОК Борец, но и потврда за квалитетната работа што ја реализира велешкиот клуб во изминатиот период.
За ГОК Борец ова е значајно признание, бидејќи клубот повторно ќе има свој претставник во најдобриот национален состав, кој ќе се подготвува за настапот на континенталниот собир следната година.






















