Денеска, ден пред гласањето за вториот круг од локалните избори, 2025 година, гласаат затворениците, лицата во домашен притвор, болни и немоќни и лица во старските домови.
Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), за вториот круг од гласањето пријавени се 4.826 болни и изнемоштени лица, а најмногу има пријавено во Кичево – 823.
Во вториот круг од изборите в недела кога ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници, право на глас имаат 1.013.375 граѓани.
Изборите ќе ги следат 1.598 меѓународни и странски набљудувачи, од кои 933 странски и 651 меѓународен.
Во земјава се одржа вториот круг од осмите локални избори од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Град Скопје.



















