Во полициска станица во Велес на 9 октомври биле повикани две лица од Градско на службен разговор, поради инцидент во кој била предизвикана материјална штета на објект на политичка партија.
Станува збор за Д.К. (32) и З.М. (39), кои изјавиле дека на 8 октомври нивните малолетни деца, играјќи си во близина на штабот, ненамерно ја оштетиле влезната врата и прозорецот на просториите.
Полицијата го евидентирала настанот, а за истиот се известени и Јавниот обвинител, како и Центарот за социјални работи – Велес.
Во моментов, надлежните институции ги преземаат потребните постапки за понатамошно расчистување на случајот.