
Секторот за внатрешни работи информира дека, вчера во Полициската станица Велес било пријавено исчезнување на девојка заедно со нејзиното малолетно дете. Таа излегла од дома и не се вратила, а нејзиното исчезнување го пријавил нејзиниот татко.
„На 16.10.2021 во 20.20 часот во Полициската станица Велес, К.П.(58) од Велес пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка С.П.(24) заедно со нејзиното малолетно дете“, сопштија од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Од СВР Велес информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
Можеби ќе ве интересира: