Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Дијабетичарите алармираат дека немаат терапија

Dijabeticari
Dijabeticari

Сојузот на здруженија на дијабетичари алармира дека се соочуваат со недостиг од терапија за контрола на шеќерната болест. Оттаму потенцираат дека има недостиг на терапиите „оземпик“ и неговата таблетарна форма „рибелсус“, а дека од Министерството за здравство добиле незадоволителен одговор за причините. 

Zito akcija 640x289px

Според сојузот овие две терапии „оземпик“ и „рибелсус“ ги има во државата за сите постојни пациенти до потпишување на договорот за набавка на планираните дополнителни количини. Но, додаваат од сојузот, овие количини не сите ги добиваат континуирано и навремено. Бараат промени во моделот на достапност на терпија и помагала со отворен пазар и воведување на референтни цени.

Од Министерството за здравство пак информираат  дека во инсулинските аптеки има доволно количини од лекот „оземпик“ и „рибелсус“ согласно количините од договорот за јавна набавка. Количините од овие два инсулини се испорачуваат тековно и континуирано до инсулинските аптеки.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: