Од преброени гласови од 2277 од вкупно 3480 гласачки места, коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ води со освоени 36,78% од гласовите пред коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 35,75%.
Податоците беа објавени од Државната изборна комисија во нивното седиште, имајќи предвид дека веб страницата повеќе од еден час не им функционира, покажуваат дека:
СДСМ – 36,78%
ВМРО – 35,75%
ДУИ – 10,31%
Алијанса на Албанците и Алтернатива – 8,13%
Левица 4,16%
Интегра 1,38%
ДПА 1,33%
Другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто.
Можеби ќе ве интересира: