Дизелот поевтинува, бензинот поскапува

benzin

Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,21 отсто во однос на претходната одлука.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 64,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 73,5, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 75,5 денари за литар. Цената на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) не се менува и останува 65 денари за литар.

Agria

Со одлуката на РКЕ за 0,592 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 35,45 денари.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: