Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,00 денара по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, цената на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менува, односно останува .
Според одлуката, максималната малопродажна цена на моторниот бензин Еуросупер БС-95 ќе изнесува 71 денар за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 73 денари за литар. Цената на дизел горивото Еуродизел БС (Д-Е V) ќе биде 64,50 денари за литар, а екстра лесното масло за горење ЕЛ-1 ќе се продава по 65,50 денари за литар. Мазутот М-1 НС ќе има цена од 32,635 денари за килограм.
Според одлуката на РКЕ, цените на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

















