До 39 степени денес, за викендот можни пороен дожд, грмежи и град

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови.

Zito baner

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 13 до 20 степени, додека максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.

Agria

Времето во наредните денови

За време на викендот, претпладне ќе биде сончево и топло, додека во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: