Досега 632 македонски државјани побарале евакуација, некои ќе се враќаат со чартер-летови, други со владиниот авион

sofija aerodrom

До денес вкупно 632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток. Најголем интерес има од македонските државјани што се наоѓаат во Абу Даби (вкупно 447). За нив се финализираат техничките и логистичките детали за да се вратат со чартер-летови.

Во Израел бројката на македонски државјани што побарале помош останува непроменета. За некои од нив, односно шест лица, евакуацијата е завршена затоа што одлучиле на сопствен трошок со комерцијални летови да се вратат во Скопје, а другите шест лица во текот на денот се очекува да бидат транспортирани по копнен пат од Израел до Египет, а утре со владиниот авион да бидат вратени дома.

Agria

–  Тие ќе бидат сместени на безбедна локација, во хотел, на товар на државата, а се очекува во текот на утрешниот ден со владиниот авион безбедно да полетаат кон Скопје – информира Министерството за надворешни работи.

Во Доха бројката на македонски граѓани што побарале помош е 136. Истовремено, нашите дипломатско-конзуларни претставништва прават и посебен план за евакуација на граѓаните што се во Бахраин и Кувајт.

Од Министерството апелираат до сите македонски државјани што се наоѓаат во погодените региони (Обединетите Арапаски Емирати, Катар, Бахреин и Кувајт), доколку сè уште не го сториле тоа, веднаш да стапат во контакт со надлежното дипломатско-конзуларно претставништво или со СОС-бројот на Министерството.

– Министерството за надворешни работи и надворешна трговија останува во постојан контакт и целосно на располагање на македонските граѓани, како и во редовна координација со надлежните локални власти, со цел безбедно и навремено спроведување на евакуацијата – се наведува во денешното соопштение.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: