Двајца велешани уапсени поради кражба – пронајдени и вратени украдените предмети

На 25 април 2025 година, во раните утрински часови, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес спроведоа успешна акција во која беа лишени од слобода две лица осомничени за извршување кражба во приватен дом.

Zito akcija 640x289px

Според официјалните информации од СВР Велес, во 00:40 и 02:20 часот, биле приведени Б.Ј. (44) и Љ.Т. (42), двајцата жители на Велес. Тие се сомничат дека од домот на 53-годишна сограѓанка противправно одзеле повеќе лични предмети, нанесувајќи ѝ материјална штета.

Agria

„На 25.04.2025 во 00.40 часот и 02.20 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Б.Ј.(44) и Љ.Т.(42), двајцата од Велес, поради основи на сомнение дека од домот на 53-годишна велешанка одзеле повеќе предмети. Предметите се пронајдени и вратени на сопственичката“, велат од СВР Велес

За случајот веднаш е известен јавен обвинител, кој ќе ја следи понатамошната постапка. По целосно документирање на случајот, против двете лица ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: