Две години затвор за Љамалари – „Командант Барути“ поради насилство врз градоначалничката Арсовска

Сулејман Љамалари, во јавноста познат како Командант Барути, денеска беше осуден со неправосилна пресуда на две години затвор за насилство врз скопската градоначалничка Данела Арсовска. Инцидентот се случи на 11 јули годинава во Чаир, додека таа вршеше увид на дивоградби.

„Судот го огласи за виновен за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, по што му изрече казна затвор во траење од 2 (две) години, а поради тоа што на 11.07.2025 година извршил грубо насилство врз градоначалничката на Град Скопје“, соопшти Кривичниот суд.

Agria

Во времетраењето на казната ќе се пресмета и периодот што тој веќе го минал во куќен притвор и притвор. Мерката притвор му е продолжена до правосилност на одлуката, односно најмногу уште 60 дена.

Љамалари пред судот призна дека ја навредувал вербално Арсовска, но негираше физички напад, тврдејќи дека токму таа прва го удрила по нога.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: