Викендов се одигра првиот турнир во женска конкуренција во категоријата младинки, на кој одличен настап имаше екипата на Борец жени, забележувајќи две победи во својата група.
Велешките одбојкарки најпрво ја совладаа екипата на Вардар со максимални 2:0 во сетови, а во вториот натпревар беа подобри и од Струмица, триумфирајќи со 2:1.
Покрај Борец жени, Вардар и Струмица, во оваа група се натпреварува и екипата на Јанта Волеј.
Со двете победи на стартот, младинките на Борец жени успешно го започнаа натпреварувањето и најавија амбиции за добар пласман во оваа конкуренција.

























