
Еден велешанец на 69-годишна возраст почина денеска во велешката болница, како последица на ковид-10. Покрај тоа, Министерството за здравство соопшти дека во Велес денеска се регистрирани нови 44 заразени со коронавирус.
Во земјава и денеска е регистриран висок број заразени со ковид-19, откако по направени 5057 тестирања се откриени вкупно 1299 заразени. Починати се и 24 пациенти, н возраст од 35 до 82 години.
По градови состојбата на новозаразение следна:
Скопје – 672, Прилеп – 70, Куманово – 62, Битола – 47, Велес – 44, Охрид – 43, Кавадарци – 38, Неготино – 36, Гостивар – 34, Тетово – 32, Струмица – 30, Кочани – 21, Штип -20, Кичево – 18, Гевгелија – 17, Свети Николе – 16, Радовиш – 13, Ресен – 12, Струга – 11, Валандово – 9, Берово – 8, Крива Паланка и Богданци – по 7, Пробиштип – 6, Делчево и Македонски Брод – по 5, Виница и Крушево – по 4, Демир Хисар и Дојран – по 3, Дебар и Кратово – по 1 .
Регистрирани се 413 оздравени пациенти од:
Кавадарци – 113, Скопје – 67, Неготино – 62, Прилеп – 36, Куманово – 21, Велес – 18, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Кочани – 11, Гостивар и Гевгелија – по 9, Демир Капија – 5, Свети Николе и Делчево – по 3, Ресен, Валандово, Богданци и Кратово – по 2, Радовиш, Пробиштип, Виница и Демир Хисар – по 1.
Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 35 – 82 години и тоа: 7 пациенти од Скопје, од Кавадарци – 5, од Прилеп – 4, од Гевгелија – 2, и по едно починато лице се регистрира од Тетово, Велес, Кочани, Кичево, Ресен и Радовиш. Сите пријавени се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 587.546 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 118.736, бројката на оздравени пациенти е 100.250, на починати е 3.448, а бројот на активни случаи изнесува 15.038.
Можеби ќе ве интересира:
