30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Едно лице загина во пожар кој избил во куќа

Утрово загина жена во пожар во куќа во Стар Дојран, соопшти МВР. Според регионалниот Центар за управување со кризи на Струмица, пожарот го зафатил покривот и еден спрат на куќата.

Zito akcija 640x289px

„На 06.08.2022 во 07.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека настанал пожар во куќа на улицата Маршал Тито во Стар Дојран. Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица, по што во куќата било пронајдено починато женско лице. Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција“, соопшти МВР.

Agria

Пожарот го изгасија пожарникарите од Гевгелија и Дојран.

Извор на веста: sdk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: