Фатен зад волан без возачка: 46-годишен велешанец приведен во ноќна контрола во Велес

veleska policija soobrakajci

46-годишен велешанец бил лишен од слобода откако бил затекнат како управува патничко возило без да поседува возачка дозвола од Б категорија. Настанот се случил на 22 февруари 2026 година во 01:30 часот на улицата „11 Октомври“ во Велес, каде полициски службеници од СВР Велес извршиле сообраќајна контрола и сопреле патничко возило „Алфа“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот Б.А.

По преземените мерки било констатирано дека тој го управувал возилото без соодветна возачка дозвола. По насоки на јавен обвинител, лицето било приведено во полициска станица, а возилото било привремено одземено.

Agria

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: