Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби. Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
Кабинетски батерии
Контејнерски батериски системи
Овие системи:
✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.

РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка. Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
�� Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
�� Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
проектирање на батерискиот систем
испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
пуштање на батеријата во работа
програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
24/7 мониторинг на батерискиот систем
одржување на батерискиот систем
приклучување во нашата балансна група
откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.
За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
[email protected]
[email protected]
















