Филип Кимов меѓу најдобрите стрелци на „Sead Balić“ турнирот, Борец Баскет има ново кошаркарско име!

На штотуку завршениот Sarajevo International Basketball Tournament, кој годинава се играше во чест на легендарниот Сеад Балиќ, младата надеж на Борец Баскет – Велес, Филип Кимов, блесна меѓу најталентираните кошаркари од регионот и ја заврши конкуренцијата како трет најдобар стрелец во категоријата U14.

Кимов во текот на четирите натпревари беше вистинска офанзивна машина, постигнувајќи просечни 17.8 поени по меч, со што уште еднаш го потврди напредокот кој го демонстрира во последните месеци. Пред него се најдоа само Лука Заморац од Сисак со 19.7 поени во просек, и Ѓорѓе Вучетиќ од екипата на Студент, кој го освои првото место на листата со 20.7 поени по дуел.

Agria

Екипата на Борец Баскет настапи во Група Б, и по четири одиграни мечеви го освои третото место во групата со биланс од две победи и два порази, задржувајќи респект и резултатска стабилност во конкуренција со познати регионални школи.

За Кимов, ова е нова круна на одличниот развоен период – младиот бек од Велес неодамна беше повикан и да ги брани боите на македонската репрезентација, а со настапите во Сараево уште еднаш покажа дека е резервиран за големи сцени.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: