Филипче: СДСМ останува силен промотор на европската идеја, време е за обединување а не за калкулации

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска повика на внатрешен консензус меѓу сите политички чинители во државата со цел да се дефинира начинот на кој ќе се соработува за земјава да го продолжи евроинтегративниот процес.

По средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос, лидерот на опозициската СДСМ рече дека како партија остануваат целосно посветени на евроинтегративниот процес и дека тоа е единствениот начин на којшто државата може да ги зајакне капацитетите, граѓаните да имаат подобра економска положба и да има вистинска реформа на правниот систем

„Жалам, што во изминатата година има стагнација на тој пат, отсуствува и стратегија, политика и дијалог и за жал се отвараат затворени прашања. Побарав поддршка од еврокомесарката, од неа лично и од сите европски институции, да се откочи нашиот евроинтегративен пат и сакам да порачам дека ова не е време ниту за калкулации, ниту за тесни и ситнопартиски интереси. Ова е време во кое секоја партија треба да даде сѐ од себе да продолжиме на патот на евроинтеграција, да се отворат поглавјата од преговорите поради тоа што граѓаните тоа го очекуваат од нас“, рече Филипче.

Agria

Средбата со еврокомесарката ја оцени како конструктивна и како доказ за констинуираната и искрена поддршка што Европската унија ѝ ја дава на државава.

„Таа беше многу искрена и кажа дека дава се од себе и дека ги користи сите инстирументи за да продолжи евроинтегративниот пат на земјава, меѓутоа има еден дел од задачата што ние треба да ја сработиме дома бидејќи овој процес, исто како и во другите земји кои во изминатиот период станаа челнки на ЕУ, најмногу зависи од внатрешни консензус“, рече Филипче.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: