
Велешкиот фудбалски второлигаш, Борец 1919 АД доведе уште едно квалитетно засилување за новата сезона. Нападот е засилен со Флорент Османи, досегашниот напаѓач на Вардар од Неготино.
Содржината продолжува под рекламата
Флорент Османи во кариерата настапуваше и за Гостивар, Струга Трим Љум, Велазерими, Скопје, Шкупи, Корзо, Вардар Неготино а има интернационално искуство со играње во Косово во екипата на Дрита.
Содржината продолжува под рекламата
За велешани ова е четврто официјално засилување за претстојната сезона. Претходно ги промовираше младиот голман Јакимовски, играчот од средниот ред, Цветановски а пред два дена го официјализираше и трансферот на Берат Исмаил.
Можеби ќе ве интересира:
- Народната банка: Банкарските депозити остануваат најсигурен облик на штедење
- Случајот со шуга кај професионални војници не потекнува од касарната во Велес, апелираме да не се манипулира јавноста, велат од Министерство за одбрана
- Горивата поевтинуваат од ноќеска на полноќ
- Рутина за велешанки, Борец сигурен и во Чаир
- Борец чекори сигурно во плеј-офот, Универзитет падна со чисти 3:0
















