
Велешкиот фудбалски второлигаш, Борец 1919 АД доведе уште едно квалитетно засилување за новата сезона. Нападот е засилен со Флорент Османи, досегашниот напаѓач на Вардар од Неготино.
Содржината продолжува под рекламата
Флорент Османи во кариерата настапуваше и за Гостивар, Струга Трим Љум, Велазерими, Скопје, Шкупи, Корзо, Вардар Неготино а има интернационално искуство со играње во Косово во екипата на Дрита.
Содржината продолжува под рекламата
За велешани ова е четврто официјално засилување за претстојната сезона. Претходно ги промовираше младиот голман Јакимовски, играчот од средниот ред, Цветановски а пред два дена го официјализираше и трансферот на Берат Исмаил.
Можеби ќе ве интересира:
- Безбедно отстранета опасна карпа на автопатот Скопје – Велес по пријава на граѓани
- Пијан возач предизвика серија судари низ Велес
- Уапсен убиецот кој вчера пукаше во Штип
- Се забрануваат 53 портали кои што нелегално приредувале игри на среќа во Македонија
- Бузалкова ја совлада Тополка и обезбеди полуфинале во Купот на ОФС Велес