
Фудбалерите на Борец ремизираа (2:2) со екипата на Осогово од Кочани на третиот контролен натпревар за време на своите подготовки за пестојната второлигашка сезона.
Содржината продолжува под рекламата
Првото полувреме се играше без многу шанси за гол. Сепак гостите подобро се снајдоа по една слабо расчистена ситуација на домашната одбрана за 0:1 на полувреме.
Содржината продолжува под рекламата
Во вториот дел подобра игра на велешани која резултираше со два ефектни гола на Пеце Стојанов. Најпрво во 60 минута по еден одлично изведен слободен удар израмни на 1:1, а во 85 минута по втор пат го матираше гостинскиот голман.








И кога сите на стадионот „Зоран Паунов“ очекуваа крај на натпреварот, гостите го израмнија резултатот, за конечни 2:2. Следниот контролен натпревар за Борец е во сабота.
Можеби ќе ве интересира:
- Жена од Росоман е 11-тата жртва на западнонилска треска во Македонија
- Уапсен 35-годишен велешанец, осомничен за кражба од гаража
- РК Гемиџии со кадетите во Штип, пионерите пред нов предизвик на домашен терен
- Сончево со мала до умерена облачност
- Постудено време и засилен северен ветер во Велес
























