
Фудбалерите на Големо Коњари со три бода се враќаат од жешкиот терен во велешката населба Превалец. Гостите од Големо Коњари го совладаа Превалец со резултат 3:1, полувреме 1:1.
Содржината продолжува под рекламата
Иако домашниот состав преку Ангел Гаштев први поведоа, гостите преку Михо Андреевски, најпрво израмнија, а во вториот дел преку Онур Имеровски и Виктор Тошевски направија целосен пресврт.
Содржината продолжува под рекламата
По две одиграни кола Превалец е на деветата позиција со еден освоен бод. Во наредното коло Превалец гостува во Прилеп кај екипата на Ултрас.



















Можеби ќе ве интересира:
https://batali.mk/vesti/stefan-ristovski-go-zasili-sredniot-red-na-borecz-1919/
















