По подолго време, проработе големата фонтана во Младинскиот парк, откако беше направена нејзина темелна реконструкција.
„На фонтаната во Младински парк и го вративме стариот сјај. Заврши нејзината темелна реконструкција. Упатувам јавна пофалба за директорот и вработените во ЈКП Дервен“, рече Аце Коцевски, градоначалник на Велес.
Фонтаната во Младинскиот парк е изградена пред 12 години, кога се изврши голема реконструкција на целиот парк. Ова е омилено место на велешани, кое во вечерните часови е многу посетувано.
Можеби ќе ве интересира: