(ФОТО) Ванов, Муратов, Реџепи и Крстевски победници на ендуро трките во Велес

На ендуро полигонот „MX Track Motoveles“ во Велес викендов се возеа првата и втората трка од Државниот ендуро шампионат на Македонија.

Zito baner

Традиционалната спортска манифестација, која се одржува 16-та година по ред, беше во организација на „Мото Велес“, Мотоциклистичката федерација на Македонија и Општина Велес.

Agria

На првата трка, одржана на 27 јуни, најдобар во класата Е1 беше Драган Ванов од „Мото Велес“, со време 11:32. Во Е2 победи Алмедин Муратов, исто така од „Мото Велес“, со време 13:00. Во класата Е3 првото место го освои Берат Реџепи од „МотоКрос Драодакум“, додека во Е-јуниор најбрз беше Давид Крстевски од „Мото Велес“.

Ванов беше најбрз и во генералниот пласман на првата трка, пред Давид Крстевски и Јакуп Јакупи.

На втората трка, возена на 28 јуни, Драган Ванов повторно беше најдобар во Е1 и во генералниот пласман, со време 11:10. Алмедин Муратов ја потврди доминацијата во Е2, Берат Реџепи повторно славеше во Е3, а Давид Крстевски беше најдобар во Е-јуниор конкуренцијата.

Во генералниот пласман на втората трка зад Ванов завршија Давид Крстевски и Берат Реџепи.

На натпреварувањето настапија возачи од повеќе клубови, меѓу кои „Мото Велес“, „Ендуро тим Велес“, „МК Сакамото“, „Мото Зоне Штип“ и други. Организаторите и годинава понудија атрактивен мотоспорт викенд на добро познатата велешка ендуро патека.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: