Жито Маркети, еден од водечките домашни трговски синџири, ја продолжи својата стратегија на проширување и модернизација на продажната мрежа со отворањето на два нови маркети во Тетово. Во саботата, 1 ноември, беа свечено отворени двата нови објекта, со што Жито Маркети стана уште подостапен дел од секојдневието на потрошувачите во градот.
Новите маркети се лоцирани на ул. Димо Гавроски Кара бр. 50/1 – лок. 1 и ул. Благоја Тоска бр. 114, и се уредени по современи стандарди, со модерен изглед и внимателно одбран асортиман на производи од домашни и странски брендови.
Со отворањето на овие два маркети, Жито уште еднаш ја потврди својата мисија да биде првиот избор за пазарување – секогаш блиску до потрошувачите, со висок квалитет, пристапни цени и услуга исполнета со доверба, топлина и посветеност.
По повод отворањето, посетителите уживаа во специјални промотивни акции и дегустации, а специјалните понуди траат до 8 ноември.
„Со овие две нови локации во Тетово го зајакнавме нашето присуство и ја потврдивме посветеноста да бидеме секогаш блиску до купувачите – во секое маало и секој дел од градот,“ изјавија од компанијата Жито Маркети.
Со овие отворања, мрежата на Жито Маркети брои повеќе од 80 продажни објекти низ Македонија, а компанијата најави и нови инвестиции и отворања во текот на 2026 година.




























