ФРП: Ралповски да се повлече од ПИОМ

Благоја Ралповски, претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати да се повлече од Управен одбор на ПИОМ во насока на заштита на интегритетот и враќање на довербата на граѓаните во синдикалната организација која ја предводи, препорачува Форумот за разумни политики , анализирајќи го неговиот интегритет етиката и одговорноста на носителите на јавни функции.

Случајот се однесува на синдикалниот лидер Благоја Ралповски, претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати во контекст на неговото однесување за време на протестите поврзани со зголемување на минималната плата и неговото последователно именување за член на Управниот одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Agria

Во документот се нотира дека постои недоследност помеѓу синдикалната позиција и институционалното именување, што отвора прашање дали синдикалното делување останува целосно независно и како тоа влијае врз довербата на јавноста.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: