Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Фруитленд Борец на мегдан со Тиквеш

Fruitlend Borec

После еднонеделната пауза за репрезентативни натпревари  на сцена се враќа клупскиот ракомет. Ракометарите на Фруитленд Борец на домашен терен ќе го пречека составот на Тиквеш.

Zito akcija 640x289px

Велешани на 10 натпревари остварија само една победа, а натпреварот со екипата на Тиквеш за нив ќе биде императив да им се вратат на победите во суперлигашкото друштво. Кавадарчани пак се наошаат на шестата позиција натабелата со скор од четири победи, пет порази и еден нерешен исход, и на овој натпревар ќе бидат засилени со новото засилување, средниот бек Даниел Андоновски.

Натпреварот против Тиквеш ќе се одигра во сабота, во спортската сала „Гемиџии“ со почеток од 18 часот. Билетите за овој натпревар ќе чинат 50 денари.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: