Фудбалска историја во Горно Јаболчиште, Башкими против Детонит Плачковица во Купот на Македонија

Fudbalski kup na Makedonija

Екипата на Башкими од село Горно Јаболчиште, која годинава дебитира во македонското Куп натпреварување, ќе ја има честа својот прв меч да го одигра на домашен терен против второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш.

Ова е резултат на денешната ждрепка за првото коло од националниот фудбалски Kуп, која донесе интересни парови и можност за помалите екипи да се докажат против поискусни противници. За Башкими, ова ќе биде историски натпревар, не само поради дебито, туку и поради можноста да ја изненади фаворизираната екипа од Радовиш.

Agria

На останатите натпревари се среќаваат:

  • Шкендија Арачиново – Саса

  • Беласица – Арсими

  • Јенимаале – Шкендија

  • Карбинци – Работнички

  • Евротип – Силекс

  • Победа Валандово – Брегалница

  • Тетекс – Пелистер

  • ГФК Охрид – Брера

  • Љуботен – Македонија ЃП

  • Скопје – Тиквеш

  • Кожуф – Шкупи

  • Победа Прилеп– Башкими Куманово

  • Пчиња – слободна (автоматски се пласира во следната рунда).

Натпреварите од оваа рунда ќе се одиграат на 14 август. Победниците ќе се пласираат во следната фаза, каде се приклучуваат уште неколку екипи од Првата македонска фудбалска лига.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: