Гемиџии поразени од Раднички, утре ги очекуваат последните два натпревари

Младите ракометари на велешкиот Ракометен клуб „Гемиџии“, генерација 2011 година, забележаа пораз на вториот натпревар на големиот меѓународен турнир „Handball Trophy Serbia“, кој од 22 до 26 август се одржува во Крагуевац, Србија. Велешките ракометни надежи во второто коло беа поразени од домашната екипа СПД „Раднички“ со 17:11, по првото полувреме кое заврши со 9:6.

Zito baner

„Гемиџии“ добро го започнаа натпреварот и поведоа со 3:1, но потоа објективно поквалитетниот противник го презеде водството и постепено ја зголемуваше предноста до самиот крај.

Agria

За велешани остануваат уште два натпревари во групната фаза, кои ќе ги одиграат утре. По нивниот исход ќе биде познато дали „Гемиџии“ ќе успеат да обезбедат пласман во полуфиналето на турнирот.

За младите велешки ракометари ова е одлична можност за стекнување ново меѓународно искуство и за мерење на силите со квалитетни екипи од регионот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: