Младите ракометари на велешкиот Ракометен клуб „Гемиџии“, генерација 2011 година, забележаа два порази во денешниот натпреварувачки ден на големиот меѓународен турнир „Handball Trophy Serbia“, кој од 22 до 26 август се одржува во Крагуевац, Србија.
Велешани најпрво одиграа израмнет натпревар против српскиот тим „Шамот“, но во неизвесен финиш беа поразени со минимални 17:16. Во последниот натпревар од групната фаза, „Гемиџии“ загубија од унгарската екипа „Киштерчаи“ со 19:10. Со овој резултат, велешките ракометари го освоија четвртото место во групата.
Пласманот во групата им носи разигрување за пласман од петтото до седмото место. Прва за „Гемиџии“ следува пресметката со полскиот тим „Гвардиа“. Победникот од овој дуел ќе игра за 5. место на турнирот, додека поразениот ќе се бори за 7. место.
За младите велешки ракометари ова е ново драгоцено меѓународно искуство и можност за натпревари против квалитетни екипи од Европа.






















