„Гемиџии“ со две младински екипи во новата ракометна сезона

Велешкиот ракометен клуб „Гемиџии“ во новата сезона ќе има свои претставници во кадетската и пионерската машка ракометна лига. Единствениот ракометен клуб од Велес кој настапува во младинските категории ќе се натпреварува со двете генерации против екипи од цела Македонија.

Zito baner

Кадетската лига ќе стартува една недела пред пионерската, додека пионерската натпреварувачка сезона е предвидено да започне на 26/27 септември.

Agria

Кадетите на „Гемиџии“ се сместени во Група Б, каде што ќе играат против Младост, Македонија Ѓорче Петров, Текстилец, Вардар 1961, Радовиш, Мулти Есенс и Куманово.

Во кадетската конкуренција, по завршувањето на регуларниот дел, првите четири екипи од двете групи ќе обезбедат пласман во плеј-офот, додека останатите ќе продолжат во плеј-аут.

И пионерите на „Гемиџии“ ќе се натпреваруваат во Група Б, заедно со Младост, Либра, Алкалоид, Вардар, Радовиш, Илинден Вардар, Мулти Есенс, Куманово и Феникс.

Пионерската лига ќе се игра во еднокружен бод-систем, а најдобрите четири екипи од секоја група ќе обезбедат пласман во четвртфиналето. По четвртфиналните натпревари, четирите најуспешни екипи ќе се пласираат на завршниот Ф4 турнир, каде што ќе се одлучува шампионот.

Настапот во двете конкуренции е значаен за младинскиот погон на „Гемиџии“, бидејќи на младите велешки ракометари им овозможува континуирани натпревари и искуство против најдобрите екипи во своите генерации.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: