ГОК Борец убедлив против Весна Пробиштип, победа од 0:3 на гостувањето

Одбојкарите на ГОК Борец остварија убедлива победа на гостувањето кај екипата на Весна од Пробиштип, славејќи со максимални 0:3 во сетови (20:25, 14:25, 10:25).

Zito baner

Велешкиот тим ја оправда фаворитската улога и со сигурна игра во сите три сета стигна до значајна победа во бараж-дуелот. ГОК Борец доминираше особено во вториот и третиот сет, во кои на противникот му дозволи да освои само 14, односно 10 поени.

Agria

Реванш-натпреварот ќе се одигра в среда во Велес, каде што ГОК Борец ќе има можност да го потврди триумфот и да обезбеди место во Прва А лига.

Според новиот систем на натпреварување, кој за првпат ќе се применува оваа сезона, шесте победници од бараж-дуелите ќе формираат Прва А лига, додека шесте поразени екипи ќе се натпреваруваат во Прва Б лига

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: