Горивата поевтинуваат за половина денар

benzini tocenje

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 ден/лит, ваква Одлука донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) на денешната седница.

Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95  ќе изнесува 70,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 72,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 64,50 ден/лит. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе изнесува 64,00 ден/лит.

Agria

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,848 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 32,801 ден/кг.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: