Екипата на Горски со освојување на Купот на ОФС Велес се стекна со можност да ги продолжи натпреварите во Купот на Македонија во сезоната 2025/26. Прва препрека ќе биде победникот на Купот на ОФС Неготино екипата на Победа од село Пепелиште.
Натпреварот Горски – Победа ќе се одигра на неутрален терен во Росоман, во недела со почеток од 17 часот.
Победа од село Пепелиште го освои Купот на ОФС Неготино совладувајќи го составот на Полет од село Тримник со резултат 8:4.