Груевски ослободен во „Талир 2“, судот одби и конфискација на партиската зграда

gruevski

Никола Груевски е ослободен од обвинението во предметот „Талир 2“, кој се однесува на изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје. Одлуката ја донесе судијката Даниела Алексовска-Стојановска од Основниот кривичен суд Скопје, во повтореното судење за овој случај.

Zito baner

Судот оцени дека обвинителството не успеало да докаже надвор од разумно сомневање дека Груевски сторил пречекорување на службените овластувања. Со пресудата е одбиен и предлогот на обвинителството за конфискација на партиската зграда.

Agria

Одлуката е неправосилна, а странките имаат право на жалба пред повисоките судски инстанци.

Според образложението на судијката Алексовска-Стојановска, ослободителната пресуда е поврзана со измените на Кривичниот законик од 2023 година, кои, како што посочи, биле оценети како поблаги за обвинетите. Таа нагласи дека доказите во предметот останале исти, но правната квалификација на делото била променета.

Во случајот претходно му се судеше на Груевски заедно со поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, но постапката против Божиновски во меѓувреме застаре.

Предметот „Талир 2“ се однесува на наводно незаконско финансирање и изградба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Првостепената пресуда од 2022 година го осуди Груевски на шест години затвор, но Апелацискиот суд во 2024 година ја укина одлуката и го врати предметот на повторно судење поради измените во Кривичниот законик.

Груевски, кој од 2018 година се наоѓа во Унгарија каде доби азил, и понатаму има повеќе отворени судски предмети во земјава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: