
И утрово повторно гужви на двата најфренквентни гранички премини во државата – Табановце и Богородица. Од АМСМ само информираат дека се бележи поголем интензитет на сообраќај на граничните премини, без да се наведе колку време е потребно за да се влезе и излезе од Македонија.
Содржината продолжува под рекламата
Според камерите на ЈПДП, на ГП „Богородица“ пуштени се три коловозни ленти. На камерата поставена на овој граничен премин, се гледа како возилата споро се придвижуваат за излез од државата. Гужви имаше и во текот на викендот.
Содржината продолжува под рекламата
На останатите гранични премини, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Можеби ќе ве интересира:
- Бензините поскапуваат, цената на дизелот останува иста
- Земјотрес со епицентар во Грција почуствуван и во Прилеп и околината
- Студено и променливо облачно време, засилен северен ветер долж Повардарието
- Лишен од слобода возач кој на Штип–Велес возел 121 на место со 50
- Велешани уапсени по кражба во здравствена установа




































