Христијаните ширум светот денеска го одбележуваат Велики петок

veliki petok

Денеска христијаните го одбележуваат Велики петок, денот на Христовото страдање, кога Исус беше осуден и распнат на крст, жртвувајќи се за сите луѓе и спасението на светот.

Zito akcija 640x289px

Велики петок е најтажниот ден за Христијаните кога се сеќаваат на настаните што му претходеле на Христовото распнување.

Agria

Ден на голема жалост, но и вовед и подготовка за Велигден, кој е најголемиот христијански празник.

Денеска православните верници строго постат, повеќето денот го поминуваат само со сув леб и вода.

Велики петок е денот кога Римјаните го осудија Исус Христос на смрт, на поттик на еврејските свештеници и фарисеи.

Во знак на тага и жалост, црковните ѕвона не бијат на Велики петок почнувајќи од бдение на Велики четврток. На Велики петок наутро се читаат „Царските часови“.

Боење јајца за Велигден е еден од најстарите христијански обичаи и го симболизира денот кога Марија Магдалена дошла во Рим да го проповеда евангелието. Таа стигнала и до царот Тибериј, на кого му донела на подарок кошница со јајца.

Царот не верувал во Христовото воскресение и рекол дека тоа ќе биде како белите јајца во кошница да ја менуваат бојата. Марија Магдалена рекла: „Христос воскресна и сите јајца во корпата станаа црвени“.

Црвената боја е симбол на радост и воскресение, а првото црвено јајце се чува до следниот Велигден како „чувар“, заштитник на семејството.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: