Искршени стаклата на штабот на СДСМ во Градско

Синоќа се искршени стаклата на изборниот штаб на СДСМ во Градско. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека настанот бил пријавен на 8 октомври 2025 година во 18:30 часот во СВР Велес. Според пријавата, биле оштетени влезната врата и прозор на штабот, а увид извршила екипа на полицијата која презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Од СДСМ го осудија инцидентот, оценувајќи го како насилнички и вандалски чин што, како што велат, го покажува стравот на власта од изборен пораз во Градско.

Agria

„Бидејќи нема што да им понуди на граѓаните, ДПМНЕ прибегнува кон валкани методи и кршење на демократските стандарди. СДСМ порачува дека било какви обиди за заплашување на граѓаните или членовите се јалови и неуспешни. Му порачуваме на ДПМНЕ дека никој не им се плаши. Ги повикуваме јавно, барем еднаш, истрчајте чиста изборна трка, без подметнувања, без инциденти“, се наведува во реакцијата на партијата.

Оттаму додаваат дека бараат од МВР и од министерот Панче Тошковски да не ги штитат, како што велат, насилниците, туку веднаш да постапат и без партиски директиви случајот да се расчисти, а сторителите да одговараат.

„СДСМ ќе продолжи достоинствено, мирно и храбро да ја води кампањата затоа што оваа борба е за нашата држава, за нашиот дом, за Македонија. Од народната волја бегање нема, а изборен пораз не се брани со камења, тоа досега требаше да го научите“, порачаа од СДСМ.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: