Не бил прекршен законот при санкционирањето на Васил Јованов во случајот во кој му се судело за дрога, утврди Судскиот совет при работната посета на Основниот кривичен суд и Апелацискиот суд во Скопје.
Како што беше соопштено на седницата, членовите на работната група на 7 февруари ги посетиле Кривичниот и Апелацискиот суд во Скопје при што извршиле увид во предметите и разговор со судијата Даниела Алексовска Стојановска и судијата известител Тања Милева од Апелацискиот суд Скопје.
„Во просториите на Основиот кривичен суд Скопје е извршен разговор со судијата Даниела Алексовска Стојановска и на прашањата кои беа актуелни во јавноста ни даде одговор дека нејзиниот сопруг работел во иста фирма „Искрател“ со мајката на обвинетиот од 2003 до 2008, во океански систем со 70 вработени, се познавале, но не биле пријатели, ниту куќни пријатели, ниту пак таа лично ја познавала мајката на обвинетиот. Во однос на издадениот деловен објект на партијата СДСМ во Ранковце појасни дека бил издаден од страна на нејзиниот татко многу одамна, а кој би починат од 2018 година, досега немале ништо променето во однос на тој договор за закуп, а моментално куќата се водела по една третина на судијата, нејзината мајка и сестра“, информираше претседателката на Комисијата Данка Ристова.
Работната група утврдила дека во предметот на Јованов нема докази дека бил осудуван или дека има кривични дела кои влијаат на одлуката за изречената казна. Судот правилно го применил законот за изрекување мерки, вклучувајќи и укинување на притворот.
Комисијата не нашла основа за сомнеж во пристрасноста на судијата, а Апелацискиот суд ја одби жалбата на Јованов и ја промени одлуката, изрекувајќи му затворска казна од 3 години и 10 месеци.