Сашо Клековски денеска и официјално ја презеде функцијата министер за здравство, откако во Министерството беше извршено примопредавањето на должноста од неговиот претходник Азир Алиу.
За време на средбата, двајцата разговарале за тековните активности, проектите што се спроведуваат и состојбите во здравствениот сектор, со цел новиот министер да добие целосен увид во процесите што се во тек.
Од Министерството за здравство информираа дека примопредавањето е дел од редовната постапка за обезбедување континуитет во работата на институцијата и непречена реализација на започнатите реформи.
Клековски во наредниот период ќе раководи со ресорот здравство, при што ќе се фокусира на продолжување на започнатите активности и на справување со предизвиците во здравствениот систем.






















