Јаневска: Учебници од септември ќе има

ucenici

Нови ветувања за стари маки на учениците. Учебници ќе има дури и по цена вработените во МОН да не одат на одмор. По шест години без учебници  за странски јазици, од септември основците ќе ги добијат, тврди министерката Јаневска. Уверува дека досегашниот проблем нема да се повтори, а училиштата ќе ги имаат сите образовни материјали.

„Ние веќе сме подготвени да почнеме со се што е потребно за на први септември учениците, училиштата, наставниците да бидат спремни. Дополнително сакам да информирам дека во текот на летото министерството ќе работи опсежно и обилно и нема да користи годишни одмори затоа што за нас дефакто најголемиот проблем е во овој период, не би рекла проблем тоа се обврски. Тоа се печатењето, откупот на учебниците, тоа се уписите во средните, тоа се квотите на факултетите“, рече Министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Agria

Освен алармот за недостиг, јавноста со низа критики за оштетени, искинати и учебници со печатни грешки и дезинформации. За една година до МОН пријавени се двојно повеќе оштетени учебници.

„Јавно се обраќам до сите дека МОН и педагошката служба имаат издвоени средства за сите оштетени учебници да бидат заменети за учениците да не бидат демотивирани, да им фалат страници, да не може да прочитаат тоа што им треба“, додаде Министерката.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: