Јаневска: За возачка дозвола е доволно основно образование, државата им нуди можности на Ромите и тие треба да ги искористат

За да може да полагаат за возачка дозвола доволно е минимално, основно образование. Државата им обезбедува можности што тие треба да ги искористат. Имаме огромен број инструменти со кои се обидуваме да ја подобриме ситуацијата на Ромите, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска со протестите на Роми што бараат да бидат ослободени од обврската да полагаат возачки испит бидејќи се неписмени.

Министереката денеска изјави дека на образованието на Ромите се посветува сериозно внимание со проектот „Декада на Ромите“ и со други посебни проекти на МОН наменети за ромската етничка задница.

Agria

„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години или сигурно до 25 тие преку Центарот за образование на возрасни добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некакво образование соодветно на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“, рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање.

Посочи и дека МОН ангажира и плаќа 40-ина ромски медијатори за да се зголеми опфатот односно вклучувањето на ромските деца во училиштата, бидејќи, како што рече,  се случува тие да бидат запишани, но да не доаѓаат на училише и да ја напуштаат наставата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: