Кадетскиот репрезентативец Мартин Иванов го напушти Велес, уште еден заминат од Борец Фруитленд

Македонскиот кадетски ракометен репрезентативец, велешанецот Мартин Иванов е ново засилување за МРК Куманово, објави клубот на својата фејсбук страна. Младиот ракометар, кој настапува на позицијата десно крило, е роден во 2006 година и во редовите на кумановскиот суперлигаш доаѓа од сега веќе поранешниот клуб Борец Фруитленд.

Со заминувањето на Иванов, сè повеќе се потврдува трендот, сите велешки ракометари кои настапуваа за Борец Фруитленд веќе си најдоа нови средини. Ова е уште една потврда за загрижувачката состојба во велешкиот сениорски ракомет, бидејќи Велес, некогаш ракометен центар со богата традиција, во моментов нема сениорски тим кој ќе настапува во домашните натпреварувања.

Agria

Иванов е еден од најперспективните играчи од својата генерација и неговиот премин во амбициозниот МРК Куманово е нов чекор во неговиот развој. За жал, неговото заминување е дел од пошироката слика на ракометниот егзодус од Велес, кој, барем засега, останува без претставник во македонската сениорска ракометна сцена.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: