30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Касами со поддршка за нов државен грб

Mickoskis - kasami

Градоначалникот на Тетово и претседател на движењето БЕСА, Биљал Касами, денеска истакна дека ја поддржува секоја промена на Уставот со која би се смениле државните симболи поврзани со минатиот политички и општествен систем. Според него, ќе бидат поддржани измени на Уставот кои би ја одразиле актуелната реалност на државата.

Zito akcija 640x289px

„Јас впрочем во еден претходен мој јавен настап сум кажал дека и една од целите за именување на улиците во градот Тетово беше тоа што уште стои наследството од минатиот систем, што е и образложението на премиерот во делот на менување на грбот на државата. Ние сме подготвени да разговараме за еден пакет на уставни измени, каде што наместо наследството од претходниот систем ќе рефлектира сегашното ориентирање на државата кон Европската Унија. Ние сме подготвени да разговараме преку јавен и транспарентен процес“, изјави Касами.

Agria

По една деценија, прашањето за промена на државниот грб повторно го отвори премиерот на државата, Христијан Мицкоски. Вчера потврди дека тој и неговиот владин партнер, коалицијата ВЛЕН разговарале на оваа тема и го поставиле прашањето.

Потсетуваме дека последен пат промена на грбот беше предложена од владата на екс-премиерот Никола Груевски и ДУИ во 2014 година, но таа не успеа да обезбеди двотретинско мнозинство за поддршка на оваа идеја. Меѓу објаснувањата што ги даде тогашната влада беше дека Македонија и Белорусија се единствените земји во Европа кои имаат државен грб инспириран од советската хералдика.

Претставниците на ДУИ тогаш го оправдуваа предлогот за новиот грб дека лавот е симбол и за Албанците. Како аргумент за овие тврдења беше претставен грбот на градот Драч, на кој има и црвен лав со жолта позадина.

Од СДСМ остро се спротивставија на предлогот за смена на државниот грб и најавија искористување на сите демократски алатки.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: