Касами тврди дека ресорот здравство останува кај ВЛЕН

Mickoskis - kasami

Еден од лидерите на ВЛЕН и градоначалник на општина Тетово, Биљал Касами сподели со јавноста дека ресорот здравство останува во рацете на неговата коалиција, откако во наредните денови се очекува министерот Арбен Таравари ја напушти Владата. Како што истакна Касами, немало разговори за размена на ресори, но по заминувањето на едното крило на АА од централната власт, тие се подготвени да разговараат во оваа насока со коалициските партнери.

„Нема разговори за размена на министерства. Дадов изјава дека една од причините зошто го презедовме Министерството за здравство е тоа што Таравари директно побара да биде министер за здравство. Секако, кога се прават комбинации за позиции и одговорностите што треба да се поделат, функциите се делат и врз основа на капацитетите што ги имаме. Го кажав тоа како можност, доколку има друга комбинација од ВЛЕН за друг кадар што е поважен, ќе поразговараме во Владата. Во моментов немало разговор, па така Министерството за здравство останува кај ВЛЕН“, рече денеска Касами.

Agria

Откако вчера беше лиферувана информација дека е можно ресорот образование да се трампа за здравство, беше запрашана и министерката Весна Јаневска. Таа рече дека оваа држава има премиер и дека „ќе бидам таму каде премиерот ќе одлучи дека државата има потреба од мене“, не одговарајќи конкретно на прашањето дали се гледа како прва дама на ресорот, со кој засега се уште раководи Таравари.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски очекува следната недела многу работи да бидат појасни околу новите имиња на функционерите кои треба да ги заменат кадрите на едното крило на АА.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: