Клементина Војдиновска, членка на карате клубот „Гладијатор“ од Велес, успешно го положи испитот за светски карате судија и се стекна со меѓународното судиско звање „Рефери Б“. Испитот се одржа во пресрет на официјалниот почеток на Светското првенство во карате, а Војдиновска е единствената претставничка од Македонија која го постигна овој успех.
Стекнувањето на меѓународната судиска лиценца претставува значајно признание за нејзиното знаење, долгогодишна посветеност и ангажман во карате спортот. Овој успех е значаен не само за Војдиновска и велешкиот карате клуб „Гладијатор“, туку и за македонското карате, придонесувајќи за поголема застапеност и афирмација на македонските судии на меѓународната сцена.
Од карате клубот „Гладијатор“ упатија честитки за постигнатиот резултат, истакнувајќи дека се горди на успехот и достоинственото претставување на Велес и Македонија.



















