Кренар Лога: Дозволена е екстрадиција на Палевски

Palco

Министерот за правда Кренар Лога потврди дека е дозволена екстрадиција на Палевски. На Фејсбук статус Лога напиша:

Palco

„Ве информирам дека денес со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски. Позитивниот исход на постапката произлегува после сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда.“

Agria

Палевски е осомничен за двете убиства на Вања Ѓорчевска и Панчо Жежовски. Во Бегство е од крајот на ноември. Двете убиства ја згрозија јавноста. Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска беше извршено по нејзино грабнување додека одела во школо. Таа беше ликвидирана во близина на Скопје.

За убиствата се осомничени уште 4 лица меѓу кои и таткото на убиената Вања, кој минатата недела беше пуштен во домашен притвор.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: