Кристијан Смилев со 20. место во јуниорска конкуренција на СП во Краков обезбеди полуфинале

Велешкиот кајакар Кристијан Смилев оствари одличен резултат на Светското првенство за јуниори и до 23 години во Краков, Полска. Во конкуренција од 94 натпреварувачи, Смилев во категоријата јуниори го освои 20. место и обезбеди пласман во полуфиналето.

Zito baner

Смилев зад најбрзиот натпреварувач Марек Килчички од Полска заостана 5 секунди и 65 стотинки, со што се најде меѓу најдобрите млади кајакари кои продолжуваат во борбата за висок пласман.

Agria

На истото Светско првенство настапија и останатите македонски јуниори. Павел Димовски го освои 68. место, додека Филип Петрушев заврши на 84. позиција.

Полуфиналните и финалните возења ќе се одржат во петок, 3 јули, на истата патека во Краков, каде Смилев ќе се бори за што подобар резултат.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: